Започна празнувањето на Ханука

Со осумдневниот Фестивал на светлината се одбележува повторното осветување на храмот во Ерусалим, кое се случило во вториот век п.н.е.

Евреите ширум светот палат свеќи и јадат традиционални палачинки од компири, за време на празнувањето на религиозниот празник Ханука.

Германскиот претседател Франк Волтер Штајнмаер запали 10 метарска менора пред Бранденбуршка порта во Берлин. Ова е најголемата менора во Европа.

Во Израел, уметникот Јарон Боб изработи менора од метални остатоци од ракети кои биле истрелани од палестинските милитанти од Газа.

Со осумдневниот Фестивал на светлината се одбележува повторното осветување на храмот во Ерусалим, кое се случило во вториот век п.н.е., откако еврејските сили ги поразиле армиите на сириските и грчките владетели.

Секоја ноќ во текот на следните осум дена, ќе биде палена по една свеќа од менората.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека тој и првата дама Меланија испраќаат „најтопли честитки до нашите еврејски браќа и сестри.“