Хамилтон на тест со постар болид на Ферари

Your browser doesn’t support HTML5

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон возеше Ферари на патеката Фиорано во средата (22 јануари). Хамилтон, најуспешниот возач во Формула 1, седна зад воланот на постар болид кога почна да тестира и да се навикнува на својот нов тим.

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон возеше Ферари на патеката Фиорано во средата (22 јануари).

Хамилтон, најуспешниот возач во Формула 1, седна зад воланот на постар болид кога почна да тестира и да се навикнува на својот нов тим во пресрет на претстојната сезона.

Британецот ќе биде партнер на Чарлс Леклер во Ферари, кои се без возачка титула од 2007 година.

Официјалното тестирање започнува во Бахреин на 26-28 февруари, а воведното Гран-при во 2025 година ќе се одржи на Австралија од 14-16 март.