Хаменеи води молитва – илјадници на погребалната поворка за лидерот на Хамас

Your browser doesn’t support HTML5

Иранци денеска излегоа на погребалната поворка на политичкиот лидер на Хамас Исмаил Ханије, еден ден откако беше убиен во главниот град на Иран во напад што ги зголеми стравувањата од директен конфликт меѓу Техеран и неговиот главен непријател Израел. Врховниот водач Али Хаменеи ја водеше молитвата.

Иранци излегоа на погребалната поворка на политичкиот лидер на Хамас Исмаил Ханије во четвртокот (1-ви август), еден ден откако беше убиен во главниот град на Иран во напад што ги зголеми стравувањата од директен конфликт меѓу Техеран и неговиот главен непријател Израел.

Државната телевизија во Иран живо емитуваше програма на која беше прикажано како врховниот водач Али Хаменеи води молитва за Ханија на Универзитетот во Техеран, каде илјадници ожалостени облечени во црно извикуваа „Смрт за Израел“ и „Смрт за Америка“.

Илјадници потоа излегоа во Техеран на симболична погребна поворка за лидерот на Хамас.

Неговото тело ќе биде однесено со авион во Катар, каде ќе биде погребан в петок (2 август).