Гугл и Мета бараат од Австралија да го одложи законот за забрана на социјални мрежи за деца

Логото на „Google LLC“ прикажано на влезот во една од нивните згради во Сан Диего, Калифорнија, 9 октомври 2024 година.

Синдеј, Австралија – Гугл и сопственикот на Фејсбук – Мета – побараа од властите во Австралија да го одложат предлог-законот со кој ќе се забранат повеќето форми на социјални медиуми за деца под 16 години. Барањето за одложување го образложуваат со тоа дека им е потребно повеќе време за процена на нивното потенцијално влијание.

Левичарската влада на премиерот Ентони Албанес сака да го усвои законот до крајот на парламентарната година в четврток, кој претставува некои од најтешките контроли на користењето на социјалните мрежи на децата наметнати од која било земја.

Предлог-законот беше претставен во парламентот минатата недела и само еден ден беше отворен за поднесување мислења.

Гугл и Мета рекоа дека во своите поднесоци навеле дека владата треба да ги почека резултатите од испитувањето за верификација на возраста пред да продолжи.

Системот за верификација на возраста може да вклучува биометриска или владина идентификација за да се спроведе ограничување на возраста на социјалните мрежи.

„Во отсуство на такви резултати, ниту индустријата, ниту Австралијците нема да ја разберат природата или обемот на гаранција за возраста што се бара со законот, ниту влијанието на таквите мерки врз Австралијците“, рече Мета.

„Во сегашна форма, предлог-законот е неконзистентен и неефикасен.

Законот ќе ги принуди платформите на социјалните медиуми, а не родителите или децата, да преземат разумни чекори за да обезбедат заштита за проверка на возраста. Компаниите може да бидат казнети до 32 милиони долари за системски прекршувања.

Опозициската Либерална партија се очекува да го поддржи предлог-законот иако некои независни пратеници ја обвинија владата дека избрзала низ целиот процес за околу една недела.

Сенатската комисија одговорна за законодавството за комуникации треба да достави извештај во вторник.

„TikTok“ во сопственост на „Bytedance“ наведе дека на законот му недостасува јасност и дека има „значајна загриженост“ со планот на владата да го усвои законот без детални консултации со експерти, платформи за социјални медиуми, организации за ментално здравје и млади луѓе.

„Онаму каде што се предлага нова политика, важно е законодавството да биде изготвено на темелен и обмислен начин, за да се осигури дека може да ја постигне својата наведена намера. Ова не беше случај во однос на овој предлог-закон“, наведе „TikTok“.

„X“ на Илон Маск изрази загриженост дека предлог-законот негативно ќе влијае на правата на на децата и младите, вклучувајќи ги и нивните права на слобода на изразување и пристап до информации.

Американскиот милијардер минатата недела ја нападна австралиската влада велејќи дека законот изгледа како задна врата за контрола на пристапот до интернет.