Апостолакис: Договорот од Преспа ќе го направи Балканот побезбеден

Your browser doesn’t support HTML5

Грчкиот министер за одбрана денес се обрати на Министерскиот состанок за мировни операции во Обединетите нации

Нема сомнеж дека неодамнешниот Договор од Преспа е уникатен пример за решавање на долготраен проблем, и кој ќе го направи Балканот побезбедно место за живеење, рече грчкиот министер за одбрана Евангелос Апостолакис, кој денес се обрати на Министерскиот состанок за мировни операции во Обединетите нации.

„Дозволете ми да ја изразам мојата благодарност за посредничката улога на Обединетите нации за постигнување на овој фер договор. Се надевам дека брзо ќе славиме слични успеси за други долготрајни проблеми низ светот“, рече Апостолакис.

Извор: АНА-МПА