По три недели клуч на врата, банките во Грција повторно се отворени. Штедачите ќе можат да подигнат по 455 долари неделно, наместо досегашните 65 долари дневно преку банкомат. Но, останува ограничувањето на префрлањето на пари во странство.
Германската канцеларка Ангела Меркел уште еднаш ги отфрли предлозите да отпише дел од грчкиот долг, но најави дека нејзината влада ќе биде флексибилна во новите разговори за дефинирање на отплатата на помошта за финансиски спас којашто ја доби официјална Атина.
Во настап на германската телевизија, Меркел ја исклучи можноста дека ќе ја принуди Грција да ја напушти Еврозоната. Петокот, таа пред германските законодавци изјави дека привременото излегување на Грција би довело до „предвидлив хаос“.