Грчките банкари штрајкуваат заради загинатите во протестите

Илјадници Грци се судрија со полицијата во средата за време на демонстрации во Атина протестирајќи против контроверзните мерки чија цел е спасување на државата од банкротство

Банкарите во Грција денеска штрајкуваат во знак на протест заради смртта на тројца вработени заробени во банката што била запалена од протестанти ден порано.

Илјадници Грци се судрија со полицијата во средата за време на демонстрации во Атина протестирајќи против контроверзните мерки чија цел е спасување на државата од банкротство.

Грчкиот министер за финансии Џорџ Папаконстантину на парламентот во четврток му кажа дека единствената надеж за државата да избегне банкротство е да се согласи на мерките како и на заеми од Европската унија и од Меѓународниот монетарен фонд.

Законодавците се очекува да гласаат по мерките до крајот на неделата.

Грчката должничка криза ги вознемири инвеститорите во светот, кои се загрижени дека таа може да се одрази на други европски држави, вклучувајќи ги Португалија и Шпанија.

Се` поголем број европски претставници велат дека иднината на европската економија може да е зависи од успехот во спасувањето на Грција.