Веќе една година артилеријата игра клучна улога во борбата на украинската армија против руската агресија. САД веќе испратија над милион гранати во Украина. Гласот на Америка ја посети армиската фабрика за муниција Скрентон каде се изработуваат овие гранати.
Напорите на САД за вооружување на земјата започнуваат овде во Скрентон, Пенсилванија, во армиската фабрика за муниција „Скрентон“. Тука се произведуваат проектили од 155 милиметри, клучни за напорите на Украина да се одбрани од руската инвазија.
Your browser doesn’t support HTML5
„Изработуваме 155 милиметарски проектили и високо експлозивна муниција. Тоа е производствен капацитет од 46.000 метри квадратни и ние го користиме тој простор за производство на таа муниција. Сите што работат овде денес работат во поддршка на производството на таа рута“, вели Ричард Хансен, претставник на „Скрентон“.
Изработуваме 155 милиметарски проектили и високо експлозивна муниција. Тоа е производствен капацитет од 46.000 метри квадратниРичард Хансен, претставник на „Скрентон“
Челикот пристигнува овде во шипки долги шест метри. Тие е сечат на три дела и се ставаат во печки, каде што се преработуваат во помали шипки. Најголемиот дел од работата во фабриката ја вршат луѓе, но некаде се вклучени и роботи.
„Станува збор за најнова технологија и поради тоа, сакате да ја отстраните човечката интеракција. Не можете да имате луѓе кои работат во таа средина цел ден“, вели Хансен.
Оттука, недовршените парчиња се транспортираат на друга локација, каде што ќе се ладат 4 часа. Хансен предупредува, ако некој случајно го допре жешкиот челик, раката ќе му изгори до коска.
Следно, со специјални направи се трансформираат во крајната форма. Секој проектил е внимателно проверен од вработен во фабриката за да се потврди исполнувањето на техничките барања.
„Квалитетот е на прво место, и секој дел треба да ги исполнува техничките податоци, треба да исполнува многу строги стандарди за квалитет.“
Во оваа работилница, челичните цевки се трансформираат во нешто што личи на муниција, но, тие се шупливи внатре и ќе бидат испратени во друга фабрика, во Ајова ,за да се наполнат со експлозив.
Оваа фабрика произведува артилериски гранати од 50-тите години, но последен пат фабриката толку интензивно испорачувала муниција за време на Корејската војна. Артилеријата одигра помалку клучна улога во поновите војни во Ирак и Авганистан, но битките што се случуваат денес во Украина ја оживеаја побарувачката.
Според проценките на НАТО, Украина истрелува 6.000-7.000 парчиња артилериска муниција дневно. Само оваа фабрика произведува 11.000 гранати секој месец, работејќи со својот максимален капацитет.
Армиската фабрика за муниција „Скрентон“ е една од петте претпријатија кои снабдуваат муниција за потребите на САД и сојузниците. Денес, објектот се модернизира за да ги задоволи и потребите на армијата на Украина.