Некои Американци веќе го прават својот избор за претседател, со предвремено гласање во многу сојузни држави. Но, остануваат гласачи кои велат дека се неопределени меѓу Доналд Трамп и Камала Харис.
„Јас само сакам да видам, сакам да разберам кои се тие. Тие навистина не беа премногу вклучени и тие се нови во целата политичка клима, двете страни. Тие доаѓаат од двете интересни, различни потекла. Сакам да видам кои се тие и како ги претставуваат своите кандидати”, вели МериБет Џоваќини од Њујорк.
Неопределените гласачи се околу 3 отсто од гласачкото тело, покажуваат истражувањата на јавното мислење.
Џон Џонсон е научен соработник на Правниот факултет на Универзитетот Маркет во Милвоки, Висконсин.
„Многу гласачи сè уште не почнале да обрнуваат толку внимание. Мислам дека кога ќе ги прашате, тоа е одговорот што би можеле да го дадат. Некои луѓе, исто така, во Средниот Запад можеби се воздржани да ви кажат за кого ќе гласаат”, вели Џонсон.
Целната кампања на Харис и Трамп придвижува некои неопределени гласачи, вели политикологот Татише Нтета од Универзитетот во Масачусетс.
„Се намалува популацијата на неопределени гласачи. Повеќето луѓе ќе се одлучат пред денот на изборите, а она што навистина ќе биде важно ќе биде мобилизацијата на теренот на Демократската партија и Републиканската партија, на најверојатно екстремно блиски избори”, вели Нтета.
Трамп и Харис имаат различни предизвици во убедувањето на неопределените гласачи, вели вишиот соработник на институцијата Брукингс, Дарел Вест.
„Тој треба да ги увери Американците дека тој го почитува владеењето на правото, дека нема да биде луд и хаотичен ако стане претседател. Таа, пак, е помалку искусна. Таа зазеде позиции пред неколку години кои беа многу полиберални од политиките што таа ги застапува сега, па затоа мора да ги увери гласачите дека Камала Харис денес ќе ја добијат како претседателка”, вели Вест.
Трамп како попознат од кандидатите има и предности и недостатоци кога станува збор за неопределените гласачи, вели Џонсон.
„Доналд Трамп е кандидат кој се кандидира по трет пат за претседател, така што повеќето луѓе веќе имаат мислење за него. Од тој дел луѓе кои остануваат неопределени, само едноцифрен процентуален број на луѓе, двете партии работат напорно за да ги убедат да гласаат”, посочува Џонсон.
Тоа е бидејќи неoпределените гласачи може да ја направат разликата во неизвесните избори во сојузните држави каде често се менуваат политичките преференции и кои одлучуваат кој ќе победи.