55 години од слетувањето на Аполо 11 на Месечината

Your browser doesn’t support HTML5

Денес, на 20 јули се навршуваат 55 години од слетувањето на Аполо 11 на Месечината. Интерактивна изложба во Музејот на Менхетен ги потсетува гледачите на големината на тој потфат и на она што се случи при првото слетување на Месечината. Евгениј Маслов ја има приказната, раскажана од Ана Рајс.

Од различни делови на вселенскиот брод, до вселенскиот костим на астронаутот, па дури и допирање на мало парче од Месечината - посетителите на интерактивната изложба можат да го видат во музејот Интерпид во Њујорк, изложба наречена како: Аполо - Кога отидовме на Месечината.

Изложбата е сместена во огромен павилјон на палубата на носачот на авиони Интерпид, национална историска знаменитост закотвена на брегот реката Хадсон во Њујорк.

Кустосот на изложбата, Кејт Гуд, вели дека тоа е прва таква голема колекција на сите нешта што мисијата на Месечината и Аполо се прикажани во Њујорк.

„Позади нас има вселенски костум, тоа е американски вселенски костим. Тоа е првиот костим што некогаш некогаш се користел... Ова е шлем што е расчленет на парчиња“, вели Гуд.

Тука се и гипсовите од рацете на американските астронаути кои биле потребни за да се направат нивните вселенски ракавици.

Како дел од програмата Аполо, американските астронаути слетале на Месечината шест пати помеѓу 1969 и 1972 година.

Но, првата мисија останува најпозната, како и имињата на нејзините тројца астронаути: Нил Армстронг, Баз Олдрин и Мајкл Колинс.

Во свет во кој автомобилите сега можат сами да возат, малку е шокантно да се видат работите што астронаутите морале да ги прават без помош од компјутери.

„Ова е контролна прачка - ефективно, џојстик, за да може да ги користи погоните за да се прилагоди движењето, кога биле надвор од атмосферата. И прирачникот за проверка за тоа што требале да направат за да заминат!“, додава Гуд.

Изложбата, исто така, оддава почит на вселенската трка меѓу САД и тогашниот Советски Сојуз.

„Тоа беше вселенската трка! Кој би можел да направи подобра капсула? Кој би можел да направи подобра ракета?“, рече Гуд.

Изложени се и вселенските костим на советските астронаут како и оригиналната капсула Сојуз.

Прибори и компаси кои му припаѓале на воздухопловниот инженер на ракетата Сатурн, Вернер фон Браун, снимки од говори на Хрушчов и Кенеди како и архивски снимки од првиот лет до Месечината. Сите овие артефакти се одлична можност за посетителите да ја почувствуваат атмосферата на турбулентните и револуционерни 60-ти години.

Изложбата ќе биде отворена за јавноста до 2-ри септември.