23 години од најголемите терористичките напади во САД

Your browser doesn’t support HTML5

23 години од терористичките напади на 11 септември 2001 година во САД. Во нападите загинале вкупно 2.998 луѓе, од кои 2.603 во Светскиот трговски центар, 246 патници во киднапираните авиони, 125 во Пентагон и уште 24 лица се исчезнати. Во овој збир не се вклучени загинатите 19 терористи.

САД. Во нападите загинале вкупно 2.998 луѓе, од кои 2.603 во Светскиот трговски центар, 246 патници во киднапираните авиони, 125 во Пентагон и уште 24 лица се исчезнати. Во овој збир не се вклучени загинатите 19 терористи.

Терористичките напади предизвикале огромни економски штети: отштетните побарувања од осигурителните компании достигнале вкупен износ од 20,7 милијарди УСД, а акциите на њујоршката берза изгубиле во вредност 1,2 трилиони долари.

Политичките ефекти биле што повеќето земји донеле нова легислатива за борба против тероризмот, а САД заедно со своите сојузници објавиле Војна против теророт. Во рамките на оваа војна, преземени се широки воени, полициски и разузнавачки мерки за апсење и уништување на познатите терористички групи ширум светот, како и воено освојување на земји кои го поддржувале тероризмот - како Авганистан и Ирак.