Филмските и телевизиски ѕвезди синоќа се собраа во Лос Анџелес за годишните холивудски награди Златен глобус, со кои се оддава признание на најдобрите остварувања во областа на филмот и телевизијата.
Францускиот нем филм, Артист, и семејната драма Descendents, или Потомци, ги однесоа најголемите филмски награди.
Artist доби најмногу награди, меѓу кои и трите највисоки – за најдобар мјузикл или комедија, за најдобар актер во мјузикл или комедија за Жан Дажарден, и најдобра оригинална музика.
Descendents добија две награди, за најдобра драма и најдобар актер во драма за Џорџ Клуни.
Ветеранката Мерил Стрип ја однесе наградата за најдобра актерка во драма, за нејзината улога на поранешната британска премиерка Маргарет Тачер, во Iron Lady, Железната дама, додека Мишел Вилијамс доби награда најдобра актерка во мјузикл или комедија за портретирање на Мерилин Монро во „Мојата недела со Мерилин Монро“.
Октавија Спенсер доби награда за најдобра актерка во споредна улога, за нејзиното доловување на африканско-американска слугинка во филм лоциран во 1960тите, The Help или „Помош“.
За најдобар филм на странски јазик беше прогласен Одвојување од Иран, што ги победи филмовите од Кина, Белгија и Шпанија, како и дебитантскиот филм на Анџелина Џоли во режисерска улога Во земјата на крв и мед.
Гала-настанот беше пренесуван во повеќе од 160 држави.
Златниот глобус го дава Асоцијацијата на странски печат и се смета за втора по престижност награда, веднаш шп Наградите на Академијата. На глобусите често се гледа како на барометар за тоа кој ќе добие Оскари.