Стејт департмент за смртта на Киро Глигоров

Стејт департмент за смртта на Киро Глигоров

Американската државна секретарка Хилари Клинтон вели дека Глигоров бил патриот и вистински државник

„Бев длабоко погодена од веста за смртта на Киро Глигоров, првиот претседател на независна Република Македонија. Тој беше патриот и вистински државник“, вели американската државна секретарка во официјалната изјава од Стејт департмент.

„Неговата определба за независност на Македонија доведе до мирна транзиција во 1990-1991, и неговото сигурно водство беше инспирација во време кога Македонија се справуваше со огромни тешкотии. Претседателот Глигоров беше пријател на САД и лидер со визија за својата земја што се` уште е пример за Македонија и за регионот. Моите мисли и молитви се со неговото семејство и со сите жители на Македонија“, се вели во соопштението.