Во понеделничкиот брифинг за новинари, Габриесус апелираше демонстрантите да држат растојание од најмалку еден метар, да ги мијат рацете, да ги покриваат устите кога кашлаат и да носат маски додека протестираат. Тој исто така рече дека оние кои се болни треба да останат дома.
Државите да ги засилат мерките за јавно здравје и да го пронајдат, изолираат и тестираат секој случај на коронавирусТедрос Аданом Габриесус, генерален директор на СЗО
Тој ги охрабри државите да ги засилат мерките за јавно здравје и да го пронајдат, изолираат и тестираат секој случај на коронавирус.
За време на прес конференцијата лидерот на техничкиот тим за итни програми на СЗО, Мариа Ван Керков, рече дека испитувањата кои се во тек укажуваат дека се ретки случаите на пренесување на Ковид-19 од страна на асимптоматски носители. Таа рече дека клучно за контролирање на ширењето на вирусот е следењето на симптоматските случаи.
Се чини дека ретко се случува асимптоматска личност да го пренесе вирусотМариа Ван Керков, лидер на техничкиот тим за итни програми на СЗО
Креков изјави дека е познато оти Ковид-19 е респираторен патоген кој се пренесува преку заразени капки. Луѓето со симптоми ги произведуваат тие капки, рече таа, па доколку сите тие се следат и се изолираат случаите на Ковид-19 драстично ќе се намалат.
„Се чини дека ретко се случува асимптоматска личност да го пренесе вирусот“ изјави Креков. „Она на што треба навистина да се фоксуираме е следење на симптоматските случаи. Доколку ги следиме и изолираме сите луѓе со симптоми, ги откриеме и ги ставиме во карантин нивните контакти, ширењето драстично ќе се намали“ додаде таа.