Почина Џејмс Гандолфини

Најпрославен со улогата на Тони Сопрано во телевизиската серија „Сопранови“, најверојатно починал од срцев удар, на 51-на година.
Американскиот филмски и телевизиски актер Џејмс Гандолфини, кој го портретираше емотивно ранливиот криминален шеф во телевизиската драма „Сопранови“, почина на 51 година.

Соопштението издадено од менаџерите на актерот и американската телевизиска мрежа ХБО, што ја емитуваше серијата од 1999 до 2007, кажа дека Гандолфини починал додека бил на одмор во Италија, од можен срцев удар.

Гандолфини доби три награди Еми за улогата на Тони Сопрано, насилен мафијаш кој тајно е на психијатриско лекување.

По потекло од Њу Џерси тој кариерата ја започнува во 1992 со улога во нова верзија на бродвејската драма на Тенеси Вилијамс „Трамвајот наречен желба“. Стана познат со улогата во филм од 1993 со наслов „Романса“. Тој играше во „Последниот замок“ со Роберт Редфорд и „Сите луѓе на кралот“ со Шон Пен. Минатата фодина, Гандолфини го играше директорот на ЦИА Леон Панета во филмот за потрага по Осама Бин Ладен „ Zero Dark Thirty.“