Галичка свадба, белег за македонската традиција

Your browser doesn’t support HTML5

Зурли и тапани три дена ечеа во познатото мијачко село каде викендов се одржа Галичка свадба, белегот на македонската култура и вековна традиција. Свадбата во Галичник годинава се одржа по 61. пат, за верскиот празник Петровден, а младенци беа Стефана Димитрова и Даријан Кочоски. Видео: Тоше Огњанов

Зурли и тапани три дена ечеа во познатото мијачко село каде викендов се одржа Галичка свадба, белегот на македонската култура и вековна традиција. Свадбата во Галичник годинава се одржа по 61. пат, а младенци беа Стефана Димитрова и Даријан Кочоски.

Китење на невестата, гледање на момчето низ прстен, бричење на младоженецот, одење на вода, канење на мртвите и уште голем број адети поврзани со оваа свадба, која е и своевиден театар, можеа да видат домашните и странските гости кои и годинава дојдоа во Галичник.
Возрасни, деца, мажи, жени, облечени во автентични стогодишни и постари носии ги оживеаја годините од минатото во Галичник кога печалбарите се враќале за Петровден и се правеле бројни свадби низ селото.

Дополнителен белег беа дебарските Мајовци, кои од генерација, на генерација го пренесуваат талентот за доловување на исконските звуци од зурлите и тапаните, како главен музички белег на Галичката свадба.
Мајсторијата на професионалните играорци од групата „Танец“ во изведбата на познатото македонско оро „Тешкото“, речиси никого не оставија рамнодушен во публиката, домашна и странска, во Галичник.