Обама ќе се сретне со Путин на самитот во Мексико

Your browser doesn’t support HTML5

Обама ќе се сретне со Путин на самитот во Мексико

Светските лидери се собираат за дводневен самит на Г20, што започнува во понеделник, во Лос Кабос
Светските лидери се собираат во Максико за дводневен самит на Г20 што започнува во понеделник во одмаралиштето на Пацификот Лос Кабос, среде превирањата во еврозоната и влошувањето на крвопролевањето во Сирија.

Американскиот претседател Барак Обама се очекува да побара појасни и побрзи сигнали од Европа дека го става финансискиот неред под контрола и го спречува да се прелее на американската економија што би се одразило на неговите шанси за реизбор.

Тој исто така ќе има разговори со рускиот претседател Владимир Путин, но очекувањата дека ќе најдат заеднички јазик во врска со насилството во Сирија се мали. Русија и Кина го штитат сирискиот претседател Башар ал-Асад од секаква посериозна акција на ОН.