Неизвесен компромис за климатските промени на Г-20

Теми на денешниот Самит се и регулирањето на финансискиот пазар и контратероризамот

Шефовите на државите на 20-те водечки економии во светот, денес во Хамбург, Германија, ќе го одржат дводневениот состанок, барајќи компромиси и одговори на голем број прашања, вклучувајќи го регулирањето на финансискиот пазар, контратероризамот и климатските промени.

Германската канцеларка Ангела Меркел во четвртокот изјави дека се надева оти лидерите ќе можат да најдат компромиси и одговори за многу од прашањата, иако изгледите за изнаоѓање на заедничка основа за климатските промени и трговијата се неизвесни

Претседателот на САД Доналд Трамп се разидува со другите светски лидери, откако ги тргна САД од Договорот за климатските промени од 2015-тата година, со цел намалување на емисиите на стакленички гасови, како и поради неговата политика „Америка Прва“.

Трамп изјави дека има „смели“ планови да наметне повисоки царини или квоти за увоз на челик, што ќе биде можеби најсериозната закана, а која ќе ја заштити американската индустрија, што партнерите од Г-20 групата ги прави уште понервозни.

Денес се очекува и претседателот на САД да го има првиот состанок со неговиот руски колега Владимир Путин.

Разузнавачката служба на САД го посочи Путин како одговорен за дискредитација и уништување на угледот на противникот на Трамп, поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтон

„Ќе ја претставувам нашата земја најдобро и ќе се борам за нејзините интереси“, напиша денес Трамп на неговиот Твитер профил, додавајќи: „Медиумите кои објавуваат лажни вести никогаш нема да ме поддржат, но, на кого му е грижа за тоа. Ние секако „Повторно ќе ја направиме Америка голема“.

Во неговиот говор во Варшава, Трамп ја обвини Русија за „дестабилизирачкото однесување“ во светските прашања, а кои Москва ваквите обвивнувања ги отфрли.


На Самитот, исто така, ќе се сретнат Трамп и кинескиот претседател Кси Џинпинг, во време кога Вашингтон го зголемува притисокот врз Пекинг, да ја одврати Северна Кореја, откако го промовираше интерконтиненталниот балистички ракетен штит.