Слободата на печатот е загрозена за време на пандемијата, предупредуваат активистите

Организациите „Репортери без граници“, „Хјуман рајтс воч“, „Амнести интернешнл“ и други, ги повикуваат владите да бидат транспарентни и да ја заштитат работата на новинарите

Пред Светскиот ден на слободата на печатот на трети мај, активистите предупредуваат дека некои влади во светот ја користат пандемијата на коронавирус да ја ограничат слободата на известување на новинарите, во време кога транспарентноста е поважна од кога било порано.

Организациите „Репортери без граници“, „Хјуман рајтс воч“, „Амнести интернешнл“ и други, ги повикуваат владите да бидат транспарентни и да ја заштитат слободата на печатот.

Северна Кореја се наоѓа на дното по слобода на печат, каде државната телевизија јавува дека нема ниту еден случај на коронавирус во државата, а сомнежи постојат и за Кина и Јужна Кореја, и за нивниот број на пријавени случаи.

Активистите велат дека транспарентноста за време на пандемијата е под закана и во демократски држави, меѓу кои САД и Британија.

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш, неодамна изрази загриженост, повикувајќи ги владите да бидат транспарентни, отворени и одговорни, нагласувајќи и дека слободата на печатот е клучна.

Кај некои држави, пак, е забележан напредок, меѓу кои Малдиви, Малезија и Судан.