Француските антитерористички единици биле итно распоредени близу фабриката во Лион, каде обезглавено човечко тело и глава биле најдени кај портата на зградата. Главата на жртвата била покриена со знаме испишано на арапски, а во близина било пронајдено и друго знаме со исламски симболи.
Во изјава за време на Самитот на ЕУ во Брисел, а пред да се врати во Франција, претседателот Франсоа Оланд кажа дека се работи за терористички напад и дека емоцијата не смее да биде единствениот одговор на ова дело.
Во полициската акција бил уапсен Јасин Салхи, кој пред неколку години бил следен за можна радикализација, но потоа отпаднал од радарот на безбедносните сили.
Истрагата е во тек. Фабриката е во сопственост на Еар продуктс, компанија за индустриски гас и хемиски производи со седиште во САД.