Светските лидери за нападот во Ница: заедно ќе се бориме против тероризмот

Американскиот претседател Барак Обама, рече дека Франција ќе истрае долго по оваа трагедија и изгубени животи

Лидерите од цел свет изразуваат сочувство за жртвите во маскрот во Ница, осудувајќи го напаѓачот.

Американскиот претседател Барак Обама, на неговиот Твитер профил, напиша дека неговите мисли и молитви се со семејствата на убиените во нападот, потсетувајќи дека Франција и САД се „најстари сојузници“.

„На Денот на Бастилија, се уверивме во неверојатната издржливост и демократски вредности, кои ја направија Франција инспирација во цел свет, и знаеме дека карактерот на Француската република ќе истрае долго по оваа трагедија и изгубени животи“, напиша Обама.

Државниот секретар на САД Џон Кери, кој бил во Франција да го прослави националниот празник Денот на Бастилија, го нарече нападот „ морничав и грозен“, и рече дека САД ќе останат цврсто рамо до рамо со францускиот народ.

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, зборуваше за симболиката во времето на нападот, и го повика народот да биде со Франција во ова време.

„Трагичен парадокс е што жртвите на нападот се луѓе кои ја славеле слободата и братството“, рече Туск, пред состанокот со азиските и со европските лидери во Монголија.

„Ќе останеме обединети со семејствата на жртвите, со францускиот народ и Владата во борбата против насилството и омразата“.

Шпанскиот министер за надворешни работи Хосе Мануел Гарсија – Маргалјо, кој исто така е присутен на состанокот во Монголија, ги повика неговите пријатели во Франција да го искажат неговото жалење.

„Многу жалиме и целосно сме со францускиот народ и француската Влада“, рече тој.

Кинескиот премиер Ли Качанг изјави:

„Силно го осудувме тероризмот во сите форми. Изразуваме сочуство за жртвите и ќе се бориме против сите видови тероризам“, изјави тој.

И канадскиот премиер Џастин Трудо, го искористи Твитер профилот да испрати порака до Франција – на англиски и на француски.

Трудо напиша: „ Канаѓаните се шокирани од нападот во Ница. Наше сочувство за жртвите и солидарност со францускиот народ“.