Водици во Битуше, вековен обичај прогласен за културно наследство

Облечени во автентични народни носии, жените, именувани како кумстарки ја продолжија традицијата што се пренесува од генерација на генерација. Во Битуше за Водици се предаваат два крста, кои преминуваат од куќа во куќа. Посебноста на Водици во Битуше е што сè е во знакот на жените.