Кога некое дете е болно, една од првите работи коишто родителите ги прават, е мерење на телесната температура.
Овој чин го заинтригирал Индер Синг, долгогодишен експерт за здравствена политика.
Што ако термометарот е поврзан со уред и собира податоци за болестите што се шират во реално време?
Тоа е идејата зад компанијата на Кинса, со седиште во Сан Франциско, којашто продава „паметни“ термометри кои собираат здравствени податоци.
Една од најлошите сезона на грип во последниве неколку години
САД се наоѓаат во жестока сезона на грип, а Кинса е во првите редови во следењето на ширењето и сериозноста на симптомите слични на грип по одделни региони.
Од компанијата велат дека нивните податоци се речиси идентични со оние за грип собрани од страна на Американските центри за и превенција на контрола на болести. Додека агенцијата собира државни и регионални извештаи, Кинса може да забележи промени на ниво на региони, па дури и по градови, вели претставник на оваа компанија.
Брзите и точни информации за ширењето на болеста може да направат промена за текот на здравствената криза.
Како функционира паметниот термометар?
Термометрите се движат со цена од 14.99 до 49.99 долари и се поврзани со апликација за паметен телефон, преку која се поставуваат прашања за симптомите на лицето. Од компанијата велат дека личните податоци на корисникот се заштитени.
Кинса добива податоци од вкупно 500.000 термометри, или од 25.000 мерења на температура дневно.
Компанијата не може да дијагностицира болести или да разликува различни видови болести. Но, од собирање на информации за температурата на поединци и други симптоми, може да пријави каде има симптоми слични на грип.
Продажба на податоците
Освен продажба на термометри и рекламирање на нивната апликација, Кинса заработува и од продажбата на податоци на компании кои сакаат да знаат каде и како се шират болестите, како што се фармацевтските компании и производителите на овошни сокови.
Компаниите „сакаат да знаат кога и каде болеста се појавува, на географско ниво. Тие набавуваат производи и ги менуваат плановите за маркетинг.
Кинса започна програма во училиштата, каде дава термометри, така што родителите можат да дознаат за трендовите на болеста на локално ниво.
Компанијата воедно започна нова иницијатива со други американски компании кои купуваат термометри за своите вработени.
Во моментов, овие производи се продаваат само во САД, но од компанијата планираат пласман и на глобалниот пазар.