Претседателот на САД Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис, се обратија пред нацијата неколку часа по пресудата за поранешниот полицаец Дерек Шовин, обвинет за убиство на Афроамериканецот Џорџ Флојд.
Бајден, кој се јави на семејството на Флојд по соопштување на пресудата, рече дека систематскиот расизам во САД е „дамка на душата на нашата нација“.
„Денешната пресуда може да биде огромен чекор во маршот за правда“, рече тој.
Харис, пак, го повика Сенатот да донесе легислатива во чест на Флојд, која ќе се однесува за правда при извршување на полициската служба.
„Денес дишеме со олеснување. Мерка за правда не е исто со правда за сите. Се` уште мора да го реформираме системот“, рече вчера Харис.
И британскиот премиер Борис Џонсон ја поздрави одлуката на судската порота, која одлучи дека Шовин е виновен за смртта на Флојд.
Републиканскиот сенатор од Тексас Џон Корнин ги отфрли коментарите на Бајден.
„Ја прифаќам пресудата. Нема потреба да се потценува мнозинството полицајци кое го ризикува животот за одржување на јавната безбедност“, рече тој.
Сенаторот Тим Скот, републиканец од Јужна Каролина, рече дека е време да се поправи тензичната врска меѓу полицијата, Афромариканците и малцинството Американци.
Демократските законодавци ја поздравија пресудата и повикаа на реформирање на системот.