Според првичните информации, повредени се најмалку 20 лица
Според првичните информации, во вооружен инцидент во средно училиште во јужна Флорида, загинале засега непознат број лица, а најмалку 20 други се повредени. Наредена е итна евакуација на учениците и персоналот.
Властите рекоа дека „активен напаѓач или напаѓачи, се` уште се на местото на настанот и дека претставници на Федералното истражно биро (ФБИ) се веќе таму.
Претседателот на САД Доналд Трамп, е брифиран за случувањата, соопшти Белата куќа.
Сенаторот од Флорида Марко Рубио, кажа дека ја следи оваа, како што ја нарече, „ужасна ситуација“ во општината Бровард.