Станарите во урнатата зграда во Флорида требале да почнат да плаќаат над 9 милиони долари за поправки

Големи структурани оштетувања биле утврдени пред три години, објави градот Сурфсајд

Сопствениците на станови во зградата која се сруши во Флорида, до први јули требале да почнат да плаќаат повеќе од 9 милиони долари за големи поправки, кои биле препорачани пред три години, објави Асошиетед прес.

Пресметката на трошоците која била направена од консултантската фирма „Морабито консултантс“ во 2018 година, сега ја објави градот Сурфсајд.

Друг документ од фирмата покажува дека подот околу базенот на првиот кат бил поставен на бетонски блок што имал „големо структурално оштетување“ и оти била потребна голема поправка.

Извештајот, исто така, открива големи пукнатини на столбовите и ѕидовите во гаражата.

Досега најмалку шест луѓе загинаа, а повеќе од 150 се` уште се заглавени под урнатините, откако зградата се урна минатиот четврток.