Холандски истражувачи велат дека летот МХ17 најверојатно се распаднал во воздух над источна Украина откако бил погоден од бројни „високо-енергетски објекти“.
Прелиминарниот извештај објавен од Холандскиот безбедносен борд доаѓа речиси два месеци по уривањето на авионот на територија под контрола на бунтовниците во Украина, убивајќи 298 луѓе на него.
Западните влади ги обвинија про-московските сепаратисти за користење на руски БУК проектили копно-воздухза да го соборат авионот.
Извештајот не кажа експлицитно дека причина е проектил.
Но, извештајот натаму вели дека нема индикации дека уривањето е предизвикано од технички проблем, забележувајќи дека Боинг 777 изгледал исправен за летање пред да полета.
Анализата на аудио снимката од кабината исто така не открива на ништо необично во моментите пред уривањето.
Авионот летал на линија од Амстердам до Куала Лумпур и носел главно патници од Холандија. Украинската влада побарала Холандија да ја изведе истрагата.
Холандскиот безбедносен борд предупреди дека ќе е потребна натамошна истрага за попрецизно утврдување како се распаднал авионот, и кажа дека се надева да го заврши извештајот за околу десет месеци.