Филипче: СДСМ се враќа на сценара, кризата од изборите е минато
Социјалдемократите кои од пред еден месец, по седум години на власт, заминаа во опозиција најавуваат враќање на партијата на политичката сцена. Новиот лидер, во првата голема прес-конференција по преземањето на функцијата, уверува дека СДСМ излегува од внатрешната криза која кулминираше со катастрофалниот пораз на мајските парламентарни избори, најголем во партиската историја. „Дигнати сме на нозе и стабилни сме“, вели Венко Филипче кој обелодени дека стартуваат со целосно нова стратегија за СДСМ да биде целосно функционална.