Денеска се очекува пресуда во случајот Фергусон

Убиството на црн тинејџер од бел полицаец во град во Мисури пред три месеци стана национален настан

Големата порота во Мисури и денеска ја продолжи расправата за можната осуда на полицаецот-белец кој го застрела и уби невооружениот црн тинејџер - црнец Мајкл Браун.

Минаа преку три месеци откако полицаецот Дарен Вилсон го уби 18-годишниот Браун по конфликт на улица во Фергусон, предградие на Сент Луис.

Постојат различни верзии за тоа што точно се случило на 9-ти август. Адвокатите на семејството на Браун тврдат дека тој сакал да се предаде кога полицаецот пукал, а поддржувачите на полицаецот изјавија дека тој постапил во самоодбрана.

Дванаесетчлената порота ќе одлучи дали Вилсон ќе биде осуден за убиство од прв степен, втор степен, за убиство од небрежност или за убиство со умисла.

Убиството придонесе за неколкунеделни, понекогаш насилни протести и ограбување на бизниси во Фергусон. Тензијата се зголеми кога полицијата на немирите одговори со внесување оклопни возила и употреба на солзавец.

Гувернерот на Мисури Џеј Никсон објави вонредна состојба што ја активира националата гарда, антиципирајќи нови нереди во случај Вилсон да не биде осуден.