Светот низ фотографии

Авганистански продавачи со рози чекаат купувачи за Денот на вљубените во областа Шар-е-Нау во Кабул.

Венчавање за Денот на вљубените, во тропската градина Нонг Ноч во Чонбури, Тајланд.

Човек прегрнува теле како дел од прославите по повод „Денот на прегратката со крави“ во Ахмедабад, Индија.

Уметничко дело кое прикажува насилство врз жените, насликано од уличниот уметник Бенкси за Денот на вљубените на ѕид во Маргејт, Кент, Британија.

Раселени деца во Сирија седат во привремен центар по минатонеделниот силен земјотрес, во Газиантеп, Турција.

Луѓето кои ги загубија своите куќи во разорниот земјотрес, живеат во привремен камп во градот Искендерун, јужна Турција.

Поплави предизвикани од циклонот Габриел во Аватото, во близина на градот Напиер, Нов Зеланд.

Поглед на мал астероид кој минува низ атмосферата на Земјата во Брајтон, Британија.

Посетителите прават фотографии на плажата Маи Као додека авион слетува на меѓународниот аеродром Пукет во провинцијата Пукет, Тајланд.

15 февруари, 2023 година