ФБИ врши истрага по наводите на анонимна жена која тврди дека и биле понудени 20.000 долари за да го обвини специјалниот советник Роберт Мулер за сексуален напад.
Мулер ги истражува наводите дали кампањата на претседателот на САД Доналд Трамп пред изборите во 2016-та година била поврзана Русија. Тој исто така води истрага дали Трамп се обидел да ја попречи истрагата.
Неколку медиуми известија дека непознатата жена тврди дека десничарскиот активист и водител на радио емисија Џек Буркман и понудил пари за да каже дека Мулер сексуално ја нападнал кога тие во 1970-те години заедно работеле во ФБИ.
Буркман негира било каква инволвираност, но неодамна на социјалните медиуми објави дека ќе го открие идентитетот на првата жртва од сексуалните напади на специјалниот советник Роберт Мулер.