Потребни се итни мерки да се спречат лажните вести, предупредува Алексоска

Your browser doesn’t support HTML5

Шефицата на проектот на „Мост“ за борба против лажни вести и наративи, вели дека дезинформациите за време на пандемијата претставуваат безбедносен ризик за граѓаните

Лажните вести за време на пандемија можат да предизвикаат материјална и безбедносна штета, предупредува Росана Алексоска, шефица на проектот на „Мост“ за борба против лажни вести и наративи.

Таа нагласува дека дезинформациите особено се зголемиле за време на пандемијата, со цел да се истакне улогата на Кина и Русија, а да се потценат САД, НАТО и Европската Унија.

Алексоска, во интервју за Гласот на Америка, зборува и за потребата од реформи во медиумите и во државата, со цел одвраќање на дезинформативните кампањи.