За таа цел, ќе работи со локални организации да се идентификуваат објавите и фотографиите на корисниците
ВАШИНГТОН —
Фејсбук најави дека ќе почне да отстранува погрешни информации од страницата кои може да доведат до насилство.
„Има одредени начини на дезинформирање, кои може да нанесат штета во одредени држави“, соопшти Фејсбук, најавувајќи ја новата политика на компанијата.
За таа цел, ќе работи со локални организации да се идентификуваат таквите информации, вклучувајќи напишани објави и фотографии.
Фејсбук беше обвинет за дозволa на корисниците да шират говор на омраза и невистинити информации, што неодамна доведоа до насилство во Шри Ланка, Мјанмар и во Индија.
Шри Ланка прогласи вонредна состојба во март, откако беа објавени неточни информации на Фејсбук, што доведоа до смртоносни напади врз муслиманското малцинство.