Повици до Фејсбук и други компании да подлежат на годишни ревизии

Целта е да се увиди какво е нивното меѓународно влијание

Фејсбук неодамна истакна дека ќе биде подложен на ревизии за граѓански права и слободи, чекор, што го поддржаа активистите за човекови права.

Со години активистите ги повикуваа технолошките компании да бидат подложени на проценка за тоа како нивните политики и одлуки, влијаат на човековите права на глобално ниво.

Ревизиите што ги прави Фејсбук во САД, иако се добредојдени, се фокусирани само на територијата на САД, изјави Арвин Ганесан од Хјуман рајтс воч. „Ова навистина е одговор на домашниот притисок.

„Подобро е, отколку да нема ништо“, вели Ребека Мекинон, која работи на проект за евалуација на 22 технолошки и телекомуникациски компании во областите како приватност, изразување и владеење.

„Има се` поголем притисок врз нив да направат вакво нешто“, изјави Мекинон.

Во случајот на Фејсбук, ревизиите уследија по скандалот со податоците на корисници споделени со Кембриџ Аналитика.

Од Фејсбук рекоа дека ќе биде спроведена надворешна ревизија за тоа како компанијата се справува со конзервативните содржини, како и влијанието што социјалната мрежа го има врз групи или заедници на луѓе кои не се доволно застапени, како и заедници од различна расна припадност.

Со години наназад, влијателни технолошки компании објавувале извештаи или правеле проценки за тоа како владите се вртат кон технолошки компании околу објавување на кориснички информации или симнување на содржини од интернет.

Сепак, овие извештаи немале систематки пристап во оценување за тоа како политиката на технолошките компании, може да влијае на човековите права на глобално ниво, вели Мекинон.

Почнувајќи со Гугл во 2010-та, технолошките компании почнаа со објавување на извештаи за транспарентност, што обезбедуваат информации за тоа како владите побарале помош од фирми кога станува збор за кориснички информации или биле издавани укази за симнување на содржини заради авторски права или други причини.

Сега, преку 60 компании поднесуваат редовни извештаи за транспарентност, вели „Аксес нау“, група за права во дигиталниот простор со седиште во Њујорк.

Единаесет компании, вклучувајќи ги Гугл и Фејсбук, се предмет на надворешни ревизии секои две години од страна на Глобал нетворк инишатив (Global Network Initiative), невладина организација, којашто следи како компаниите реагираат на владините барања.