Трговска војна САД-ЕУ?

Your browser doesn’t support HTML5

Дали односите на ЕУ и САД се загрозени по одлуката на Вашингтон за повлекување од Иранскиот нуклеарен договор и дали е можна трговска војна?

Американскиот претседател Доналд Трамп, на 8-ми мај соопшти дека САД се повлекуваат од Договорот за иранската нуклеарна програма и најави враќање на санкциите кон Иран, кои беа укинати согласно документот. Германија, Франција и Велика Британија ја осудија одлуката на САД и ги повикаа останатите потписници да останат посветени на обврските од Договорот. Но, дали ваквите односи можат да предизвикаат трговска војна помеѓу САД и ЕУ?

„Не гледам причина за воведување царини од страна на САД за извозот на челик и алуминиум од ЕУ, бидејќи на американската индустрија, а посебно на автомобилската индустрија тоа им е потребно. Но, САД не можат тоа да го направат, нема логика согласно договорот со Светската трговска организација. Сепак, ќе видиме каква одлука претседателот Трамп ќе донесе во наредниве 24 часа“, рече амбасадорот на ЕУ во САД, Дејвид О’Саливан.

Тој е оптимист и вели дека ЕУ е подготвена да направи и ограничен договор со САД или реципрочна размена, особено кога станува збор за производство на германски автомобили во САД.

„Ние со САД ќе го подобриме договорот во полето на енергитиката, стандардизацијата и соработката со Светската трговска организација, за да ја направиме поефективна и постигнување на лимитиран трговски договор со кој ќе ги намалиме царините на индустриските производи, посебно на царините од 10 проценти за автомобилите кои изгледа преставуваат грижа на оваа администрација“, додаде О’Саливан.

Брисел е подготвен да преземе одмазнички чекори доколку Вашингтон воведе данок на увоз. Но, амбасадорот на ЕУ во САД смета дека до тоа нема да дојде, и дека САД и ЕУ ќе најдат соодветно решение за надминување на кризата.