ЕУ санкционираше шест лица поради кршење на човековите права во Крим

Советот на ЕУ денес објави дополнителни санкции за шест лица за сериозни прекршувања на човековите права во врска со нивните постапки кон припадниците на етничките групи на Крим.

Наведените лица вклучуваат обвинители и судии кои се активни во судовите основани од руската окупаторска сила на Крим, кои одиграа улога во доделувањето на затворска казна на новинар кој припаѓа на кримската татарска заедница.

Списоците од петокот вклучуваат и двајца членови на Федералната служба за безбедност на Руската Федерација (ФСБ), кои или учествувале во тортурата на новинарот или учествувале во истрагата против него и членовите на кримската Татарска заедница и на Јеховините сведоци на Крим.