За Брегзит се приближува „Моментот на вистината“

Претставници на ЕУ велат дека границата што ја раздвојува Ирска од Северна Ирска, би можела да биде и жртва и причина за остар прекин помеѓу Лондон и Брисел

Од Ло Фојл до Карлингфорд Ло, границата која ги дели Република Ирска и Северна Ирска е долга околу 500 километри и води низ мирни рурални предели.

Патниците знаат дека преминале од едната на другата страна од поделениот остров само според различните бои на поштенските сандачиња или затоа што на југ се користат километри, а на север милји.

Граничните места и контролните пунктови се дел од проблематичното минато.

Но тоа може да се промени, ако Британија ја напушти ЕУ без договор за излегување. Границата што го раздвојува островот Ирска, би можела да биде и жртва и причина за остар прекин помеѓу Лондон и Брисел, што ќе влијае на работните места и ќе ги погоди бизнисите на двете страни на Ламанш.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, во понеделникот предупреди дека Велика Британија се справува со "Брегзит не-договор", кој, освен тврдокорните Брегзитери во владејачката конзервативна партија на британската премиерка Тереза Мај, никој од двете страни на Ламанш не го сака. Без договор Брегзит е „поверојатен од било кога порано“, рече Туск само неколку часа пред самитот на европските лидери во Брисел, кој официјалните претставници на ЕУ го сметаат за „момент на вистината“ за Брегзит.

Во среда Меј ќе се сретне со лидерите на ЕУ, при што некои веруваат дека ќе се обиде да ги убеди да се договорат за повеќе отстапки и да ги спаси разговорите за Брегзит, кои застанаа со цел да се избегне зајакнување на границата во Ирска, што би значело воведување на царински и имиграциски проверки.

Британија се согласи да ги отстрани контролните пунктови на границата во 1998 година како дел од договорот постигнат меѓу Лондон, Даблин и повеќето политички партии и оружени фракции во Северна Ирска, што доведе до мир во Северна Ирска после децении на смртоносно насилство.

Надежите, минатата недела, се зголемија уште повеќе. Претставниците на Британија и ЕУ мислеа дека се блиску до договор за ирската граница, но во неделата тоа пропадна кога стана јасно дека премиерката Мај нема целосна поддршка од нејзиниот кабинет и дека неколку клучни министри беа на раб да поднесат оставка. Британскиот министер за Брегзит, Доминик Раб, беше во ненајавена посета на Брисел за да пренесе дека е прекинат договорот, познат како резервен план на ЕУ за избегнување на цврста ирска граница.

ЕУ сака Северна Ирска, без оглед дали има последователен трговски договор со Британија, да остане дел од царинската унија на блокот, со што ќе се избегнат непотребните гранични контроли помеѓу Британската провинција и Република Ирска. За ова Брисел има поддршка од Ирската влада, која сака Северна Ирска, по напуштањето на блокот од страна на Британија, да остане блиско поврзана со европските регулативи за стоки и услуги, вклучувајќи ги и царинските аранжмани.

Меј вели дека третирањето на Северна Ирска поинаку од остатокот од Британија би значело, всушност, дека ќе има граница во Ирското море, разделувајќи ги двата делови на Британија.

Предлогот на ЕУ за тоа како да го реши проблемот со границата на Северна Ирска е ,,закана за интегритетот на нашето Обединето Кралство”, изјави Меј пред британските законодавци во Долниот дом. Но ирскиот министер за надворешни работи, Симон Ковенеј, вели дека е неопходно да се направи чекор назад.

„Никој не сака да се враќа назад, но тоа е потребно како заштитен механизам за да се смират нервозите дека нема да гледаме физичка гранична инфраструктура на островот Ирска“, рече тој.

Велика Британија, спротивно на тоа, предлагаше поинаква „заднина“, која привремено ќе ја задржи цела Британија во царинска унија со блокот, додека трговскиот договор ќе се преговара со ЕУ. Меј изјави пред британските пратеници дека верува оти севкупниот договор со ЕУ сеуште е остварлив, така што зачувувањето на Велика Британија во царинска унија за да се избегне „цврста“ ирска граница е само дефанзивна позиција која никогаш нема да биде искористена.

Дури и ако се постигне пограничен договор со ЕУ, големи се шансите Меј да не добие парламентарна поддршка за тоа, поради противењето на конзервативците и партијата на Демократската унионистичка партија на Северна Ирска.

Во меѓувреме, се стврднуваат позициите меѓу британските пратеници кои или не сакаат Британија да ја напушти ЕУ или сакаат да одржат блиски врски со Европа. Повеќето од нив го поддржуваат повикот за нов референдум за членство во ЕУ, со образложение дека парламентот, како и владејачката партија, се безнадежно поделени.