Преминувањето на зелена енергија воедно ќе значи и намалување на зависноста од рускиот гас кај некои од земјите. Тоа го истакна норвешкиот министер за надворешни работи, Еспен Барт Еиде за време на панел-дискусијата за климатски промени и безбедноста што се одржа во рамките на 30. Министерски совет на ОБСЕ во Скопје.
Your browser doesn’t support HTML5
„За тие од нас што се грижат за намалување на влијанието од Русија врз европските економии, всушност согласноста за зелената транзиција е исто така добар пат за намалување на зависноста од рускиот природен гас, што, се разбира, е битно за многу земји денеска“, рече министерот Барт Еиде.
На дискусијата беше нагласена потребата за засилено преминување кон обновливи извори на енергија, како и за заштита на високите планински појаси. Притоа беше спомнат и планинскиот масив Шар Планина, како еден од примерите во светот на кои им е потребна заштита.