Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, вели дека предизвиците со кои се соочува земјата, без преседан го поттикнаа тој да побара предвремени претседателски и општи избори за 24-ти јуни, една година пред предвидениот рок.
„Дали се работи за прекугранични операции во Сирија или настани од историско значење во регионот, тие и` овозможија на Турција да ги надмине неизвесностите. Префрлувањето во нов систем на власт, се` повеќе добива итност, така што одлуките во врска со иднината на нашата земја може да се направат и спроведат со поголема сила“, рече Ердоган.
Тој додаде дека Турција се наоѓа во политичка неизвесност по референдумот во 2017-та, кога беше изгласано земјата да се префрли од парламентарен во извршен претседателски систем.
Реформата влегува во сила само по следните претседателски избори.
Сите опозициски партии ги поздравија предвремените избори.