Трамп ќе зборува на собирот во близина на Белата куќа
ВАШИНГТОН —
Поддржувачи на претседателот на САД Доналд Трамп денес излегоа на протести во Вашингтон против потврда на победата на избраниот претседател Џо Бајден на изборите минатиот ноември.
Трамп, исто така, ќе зборува на собирот во близина на Белата куќа.
Бајден, пак, се очекува да се обрати од неговиот дом во Делавер, по средба со неговите економски советници.
Денес Конгресот треба да ги потврди резултатите од Изборниот колеџ. Претходно на Твитер, Трамп повтори дека тој победил на изборите.