Завршни зборови на судењето на Ел Чапо

Денес во Њујорк ќе бидат изнесени завршните аргументи на судењето на мексиканскиот дилер на дрога Jоакин „Ел Чапо“ Гузман.

На обвинителите им требаа 11 недели за да го презентираат случајот, додека на адвокатите на Гузман го изложија случајот за само 30 минути.

Во вторникот од страна на еден од поранешните најблиски соработници на Ел Чапо беа изнесени наводи дека тој платил поткуп од 100 милиони долари на поранешниот мексикански претседател Енрике Пена Нието.

Гузман може да се соочи со доживотна затворска казна ако биде осуден за заговор за убиство и трговија со дрога. Неговите адвокати велат дека наводите се фабрикувани.

Обвинителите велат дека доказите против Гузман, вклучувајќи текстуалните пораки, снимени разговори, запленета дрога и писмо се доволен доказ дека Гузман учествувал во продажба на наркотици и заговор како еден од лидерите на картелот Синалоа.