Администрацијата на Трамп планира спојување на Одделите за образование и труд

Според медиумски извештаи, се очекува администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да предложи спојување на Одделот за образование и Одделот за труд.

Планот е дел од планирана поширока реконструкција на федералната влада со цел, спојување на програми и елиминирање на другите за кои администрацијата смета дека се непотребни.

Со предлогот кој[to првпат беше објавен во Education Week, на администрацијата ќе и` се овозможи програмите за стручно оспособување да ги стави на едно место.

Новата агенција ќе треба да добие одобрение од Конгресот.