Американската економија придодала 321.000 работни места во ноември, што е најголема месечна цифра во речиси три години.
Петочниот извештај од Одделот за труд покажува дека националната стапка на невработеност се одржала стабилна на најниско ниво за шест години, од 5,8 проценти.
Советникот за економија на Белата куќа, Џејсон Фурман, вели дека економијата креирала во просек 241.000 работни места оваа година, голем напредок од 2009-та кога економијата губеше повеќе од 400.000 работни места месечно.
Одвоен извештај од Одделот за трговија покажува дека американскиот трговски дефицит се подобрил во октомври, со намалувањето на цената на нафтата.