Богатите нации добиваат економски моментум

Нов извештај вели дека економиите на ЕУ, САД, Јапонија, Канада и Британија растат забрзано.
Нов извештај вели дека економиите на најбогатите држави во светот добиваат моментум, додека оние во клучни земји во развој се стабилизираат или забавуваат.

Организацијата за економска соработка и развој со седиште во Париз вели дека најнови водечки економски индикатори покажуваат дека економиите во 17-члениот блок на единствена валута – еврото, како најголема економија на светот колективно, исто како и во Јапонија и Канада, напредуваат. Организацијата вели дека растежот се зацврстува во САД, со најголемата економија како единка, и во Британија.

Инвестирањето во земјите во подем е ослабено последниве недели зашто инвеститорите бараат поголем профит во американските каматни стапки на американски обврзници.

Создавачите на политиката на Федералните резерви се среќаваат следната недела, а некои финансиски анализи предвидуваат дека ќе започнат со намалување на купувањето хартии од вредност што беше пракса за подобрување на американското економско опоравување, од рецесијата во 2009.