Подобрено вработување, но стапката на невработеност иста

Американскиот пазар на труд додал уште 195.000 работни места, иако стапката на невработеност останала непроменета – 7,6 проценти.
Владиниот извештај вели дека 11.8 милиони работници остануваат невработени, што е практично непроменето од февруари.

Вработувањето е подобрено – за април и мај заедно додадени се 394,000 работни место и тоа е сегментот на надеж за растење на најголемата светска економија.