Претседателот се очекува да поттикне на постигнување договор за да се избегне настапување на автоматски скратувања.
Американскиот претседател Барак Обама се очекува во петок да има изјава за американската економија, во време кога се приближува таканаречениот „фискален гребен“ што значи дека доколку не се постигне договор за негово избегнување, на 1 јануари ќе настапи автоматско скратување во буџетот и скок на даноците.
Претседателот се очекува да ги поттикне членовите на Конгресот да дојдат до буџетски план пред истекот на рокот. Стручњаците стравуваат дека скратувањата во буџетот може да ја испратат американската економија назад во рецесија.