Два нови економски извештаи даваат мешани сигнали за американскиот трудов пазар и слабата градежна индустрија во земјата.
Владата во четврток извести дека иницијалните барања за бенефиции заради невработеност се зголемиле за 2.000 минатата недела – на 366.000. Сепак, четиринеделниот просек паднал под 364.000, најниска цифрра од март наваму и втора најниска за повеќе од четири години.
Стапката на невработеност во земјата остана на 8 проценти последниве 42 месеци по ред, невообичаено високо ниво за САД. Но економистите велат дека кога барањата за бенефиции заради невработеност остануваат под 375.000 за подолг период, тоа вообичаено значи дека работодавците почнуваат да вработуваат.
Во одвоен извештај, САД велат дека изградбата на нови домови паднала за 1,1 процент во јули во споредба со претходниот месец на годишна стапка од 746.000. Но тој вели дека издавањето одобренија за нови градежни единици скокнало на 812.000, што е највисока стапка за последните четири години.
Сепак, изградбата на домови во САД останува далеку под тоа што аналитичарите го сметаат за здрав пазар – околу 1,5 милиони нови станбени единици годишно.