Економијата во САД се подобрила

Иако умерен, економскиот растеж ја прави можноста за зголемување на каматните стапки пореална

Американската економија пораснала со побрзо темпо во последното тримесечје во споредба со остатокот на времето последниве две години.

Два запирка девет проценти годишна стапка на растеж за јули, август и септември е побрз растеж од претходното тримесечје, покажа петочниот извештај на Одделот за трговија.

Податоците покажуваат дека порастот бил предводен од растечкиот извоз и со тоа што бизнисите купувале за пополнување на нивните резерви. Економскиот советник на Белата куќа Џејсон Фурман вели дека извозот бил забавен со слабиот растеж во странство. Потрошувачката на конзументите, што е движечка сила на најголемиот дел на американската економска активност, умерено пораснала.

Економскиот растеж и работните места беа најголемите прашања во претседателската кампања, и најголем дел од гласањето ќе се случува на 8-ми ноември, за нешто повеќе од една недела.

Економистите велат дека релативно позитивниот извештај ја прави можноста американската Централна банка да ги зголеми каматните стапки пореална. Федералните резерви ги намалија каматните стапки на ултра-ниско ниво за време на рецесијата но многу експерти сега велат дека на економијата веќе не и` треба таква помош за опоравување.