Американските потрошувачи и бизниси повеќе употребуваат кредитни карти

Американските потрошувачи и бизниси повеќе употребуваат кредитни карти

Во знак на зголемена доверба во економското опоравување, американските конзументи повеќе употребуваат кредитни карти и некои банки велат дека ги олесниле условите за малите бизниси да земат заеми

За време на рецсијата , конзументите ја намалија потрошувачката, а банките позајмувањето.

Весникот „Wall Street Journal“ во изданието од вторник известува дека некои банки ги олесниле стандардите за малите бизниси да добијат заеми, а други дека обучуваат вработени да работат со заеми за бизнисите и дека посегнуваат по перспективни заемопримачи. Дури и со промените, давањето заеми на малите бизниси останува многу помало од пред финансиската криза.

Но промените во работењето на банките може да му помогне на економскиот развој, што особено беше погоден со невработеноста од девет проценти и повеќе.

Високата невработеност и паѓањето на вредноста на домовите за време на рецесијата ги натера Американците да ја намалат потрошувачката, што ја намали потрошувачката која главно ја движи американската економска активност.

Извештаите од порано неделава покажаа дека американските конзументи ја зголемија потрошувачката на кредитни карти во декември, што е прв месец на пораст во повеќе од две години.