Невработеноста во САД расте

Петочниот внимателно следен извештај од Одделот за труд вели дека стапката на невработеност пораснала за една десетина од процентот и стигнала до 9,6 проценти.

Стапката на невработеност во САД во август малку пораснала, додека економијата имала нето загуба од 54.000 работни места.

Петочниот внимателно следен извештај од Одделот за труд вели дека стапката на невработеност пораснала за една десетина од процентот и стигнала до 9,6 проценти.

Цифрите на загубени работни места за целата економија вклучуваат повеќе од 100.000 привремени работници кои биле вработени за спроведување на пописот, а кои ја загубиле работата кога задачата била завршена.

Некои економисти велат дека тоа значи дека за добивање подобра слика треба да се гледа само приватниот сектер во економијата, каде се додадени 67.000 работни места.